Кинезите немајќи од каде да купат, почнаа сами дома да си прават маски за да се заштитат од коронавирусот (5 слики)

Претходните денови видовме како во Кина се формираат огромни редици за маски за лице. Во моментот, ова е најнеопходниот производ во земјата и кога во некоја продавница ќе набават, се трошат во секунда.

Бидејќи голем број луѓе воопшто не можат да набават маски, тие мораат самостојно да си направат, од импровизирани материјали, во обид да се заштитат себеси. Да видиме неколку вакви импровизации, кои би требало да ги одбранат Кинезите од коронавирус.