Кинезите почнаа да копаат бунар длабок 11 КИЛОМЕТРИ!?

Откако ја освоија планетата однадвор, решија да продолжат со месечината, но и тоа не им е дволно, па следен чекор е внатрешноста на земјината топка.

Дупчењето на првиот кинески научен истражувачки бунар со длабочина од повеќе од 10.000 метри започна во вторникот во 11:46 часот во басенот Тарим во автономниот регион Ксинџијанг Ујгур, северозападна Кина.

Ова е најголемиот потфат на Кина за истражување на длабоките слоеви на Земјата.

Бунарот, со целна длабочина од 11.100 метри, се наоѓа во внатрешноста на пустината Такла Макан, најголемата пустина во земјата.

За време на процесот на дупчење, опремата со тежина од над 2.000 тони, вклучувајќи дупчалки и цевки за дупчење, ќе оди длабоко под земја, поминувајќи низ повеќе од 10 континентални слоеви, вклучувајќи го и слојот креда, формиран во геолошки период кој траел од околу 145 до 66 милиони години.

Дупчењето бунар длабоко повеќе од 10.000 метри е храбар обид да се истражи непознат дел од Земјата и да се поместат границите на човечкото знаење, рече Ванг Чуншенг, техничар вклучен во процесот на дупчење.

„Тешкотиите за спроведување на проект за дупчење може да се споредат со голем камион кој вози на два тенки челични кабли“, рече Сун Џиншенг, академик од Кинеската академија за инженерство.

  • aneta напиша:

    kinezive kopaat olkavi dupki nie eden pat od 5km ne mozime da zavrsime za 10 god

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *