Кинезите применуваат забегани маски и на своите миленичиња во страв од коронавирусот

Сопствениците на миленичиња од Кина на социјалните мрежи ги прикажаа своите „креативни“ начини да ги заштитат крзнените пријатели од коронавирусот, од страв дека и животните ќе се заразат од истиот. Фотографиите покажуваат како сопствениците им купуваат на своите мачки и кучиња современи маски за лице, но и секојдневни предмети како на пример пластични кеси и чаршафи, хартиени чаши, па дури и чорапи.

Досега нема докази дека коронавирусот кој уби најмалку 1.116 лица досега може да се пренесе на домашни миленици, според Светската здравствена организација. Сепак Кинезите не се убедени и се водат според поговорката „подобро да се спречи, отколку да се лечи“.