Кинезот сакаше да се направи фраер за време на пандемијата па си качи 5 девојки на моторот, но од правдата не се бега

Еден маж е приведен откако со својот електричен мотор превезувал пет жени и ги возел низ улиците во Кина.

Фотографиите кои ги сподели полицијата покажуваат дека ниту еден од нив не носел било каков вид на заштита додека се возеле низ Донгуан, провинцијата Гуангдонг.

Здравствените службеници во градот ги повикаа луѓето да одржуваат оддалеченост од најмалку еден метар за да спречат ширење на коронавирусот. Така што и возачот и петте патнички биле уапсени.

Човекот со презиме Луо се правдал дека бил „принуден“ да ги превезе жените, откако тие го натерале. Тој вели дека не ги познава од порано и дека се запознале пред продавница за сладолед.

Кинезот на социјалните мрежи бил прогласен за „најуспешниот маж“ за време на пандемијата. Сѐ уште не се знае која ќе биде постапката против овие 6 лица.