Климата во Јапонија сосема се смени што доведе до различни реакции на природата

Познатите јапонски цветови на цреши го достигнаа својот врв оваа година порано од кога и да е, откако за првпат започнаа записите во 812 година, пред повеќе од 1200 години. Омиленото цвеќе во Јапонија, сакурата, обично достигнуваше врв во април, исто како што земјата слави почеток на нова учебна и деловна година. Цветовите на црешата цветаа порано оваа година и цвеќињата сега ќе исчезнат пред првиот ден од јапонската учебна година, кој започнува во април.

Овогодинешниот врв на цутот беше постигнат на 26 март во античката престолнина Кјото – најраниот цут досега забележан, според документите и дневниците на царскиот двор датирани од 812 година н.е.

Податоците беа собрани од Јасујуки Аоно, истражувач на Универзитетот во префектурата Осака, користејќи дневници и хроники напишани од императори, аристократи, гувернери и монаси.

„Можеме да кажеме дека ова најверојатно се должи на влијанието на глобалното затоплување“, рече Шунџи Анбе, офицер за набудување во Јапонската метеоролошка агенција.