Кловнот од Катар: Ексцентричниот аргентински голман Емилијано Мартинез од преголема возбуда се одлучи да се „задоволува“ со „Златната ракавица“
Голманот на Аргентина, Емилијано Мартинез, ги шокираше навивачите кои го гледаа финалето на Светското првенство со развратен гест со наградата „Златна ракавица“, откако прослави одбрана од пенал со танц во стилот на Дејвид Брент.
Аргентина триумфираше над Франција, победувајќи на пенали по драматичното реми 3-3.Мартинез – кој е голман во премиерлигашот Астон Вила – направи огромна одбрана во последните моменти од судиското продолжение. По натпреварот му беше врачена „Златната ракавица“. Со тоа што тој го зема трофејот и го стави пред препоните правејќи груб гест додека се враќаше за да им се придружи на соиграчите.
„Еми Мартинез е многу позитивно момче и им кажа на соиграчите дека ќе одбрани неколку пенали“, откри аргентинскиот тренер Лионел Скалони.
Експертите на БиБиСи Спорт на натпреварот беа исто така согласни дека „лудорите“ на Мартинез одиграа огромна улога во победата.
„Нема сомнеж дека имаше огромно ментално влијание во престрелката“, рече поранешниот играч од средниот ред на Англија, Џермејн Џенас.
Па со оглед на тоа дека е херој на пеналите, најверојатно може да прави што сака со „Златната ракавица“.
kyrFmHofEbTJvqVU
akclQqWB
XlFWPypOsziZ
Коментирај анонимно