Книга од Ватикан стара 900 години дава морничаво предвидување за тоа кога ќе пристигне „Судниот ден“
Еден стар ватикански ракопис, стар околу 900 години, предвидува кога ќе дојде крајот на светот – и тоа не е далеку.
Скептицизмот е разбирлив, со оглед на бројните претходни предвидувања за апокалипсата, од Маите и нивната позната 2012 година, до Исак Њутн, кој предвидел дека светот ќе заврши во 2060 година.
Ова ново наводно претскажување за крајот на светот доаѓа од книгата Пророштвото за папите, која наводно ја напишал Свети Малахија во 12 век. Откриена во архивите на Ватикан, книгата содржи 112 загатливи латински фрази што наводно ги опишуваат сите папи – од Целестин II во 1143 година до денешниот папа Франциск.
Според толкувањата, книгата го предвидува и Судниот ден, кога според христијанското верување, Исус ќе се врати. Според текстот, светот ќе заврши во 2027 година, што значи дека остануваат само две години до апокалипсата.
Мистеријата на папите
Последниот пасус во книгата гласи:
„Во последното гонење на Светата Римска Црква ќе владее Петар Римјанин, кој ќе води среде големи маки, по што градот на седумте рида ќе биде уништен, а страшниот Судија ќе го суди народот. Крај“.
Сепак, многу научници го сметаат ова дело за фалсификат, објавен во 16 век од бенедиктинскиот монах Арнолд Вион. Иако се верувало дека Свети Малахија го напишал по визија во 1139 година, подоцнежни анализи укажуваат дека текстот е всушност објавен во 1595 година.
И покрај сомнежите за неговата автентичност, некои предвидувања од книгата се сметаат за точни. На пример, се тврди дека 111-тиот папа ќе се вика Gloria Olivae (Слава на маслинката), а иако папата Бенедикт XVI не го носеше тоа име, неговиот ред – Бенедиктанците – е поврзан со маслинките.
Друг пример е изразот De labore Solis (Трудот на сонцето), кој наводно го предвидел папата Јован Павле II, кој беше роден за време на соларна еклипса во 1920-тите.
Без разлика на точноста на овие предвидувања, мистеријата околу Пророштвото за папите продолжува да привлекува внимание, поттикнувајќи дебати за автентичноста на текстот и неговите наводни апокалиптични визии.
Не е точно дака ќе се ВРАТАМ во 2027 година. Тоа на никој не сум му го кажал.
А, тој што ја напишал оваа книга…дојдете да видите каде се наоѓа сега!!!
F*ckin’ amazing things here. I am very glad to see your article. Thanks a lot and i’m looking forward to contact you. Will you please drop me a mail?
Коментирај анонимно