Кој е постар? Пар со драстична разлика во годините тврди дека никој не може да ја забележи додека не им кажат

Велат дека си млад колку што е личноста со која си во врска и ова е пприлично точно за овие заљубени, помеѓу кои има возрасна разлика од 20 години.

22-годишната Десириј Гато и нејзиното 42-годишно момче Мајк, од Мајами, велат дека им докажале на сите свои пријатели дека грешат во врска со нивната истрајност во љубовта.

Тие велат дека немаат проблем со осудувачки погледи од луѓето, затоа што Мајк изгледа помладо и сите мислат дека тие двајца се иста или приближна генерација. Фотографот Мајк ја запознал Десириј, или како што сака да ја викаат Деси додека работеле заедно на фотосесија.

Деси е исто така и инстаграм-модел и своето секојдневие го споделува со 933.000 следбеници на Instagram. „Се запознавме во 2016 година кога ја направивме нашата прва фотосесија. Се возев до Мајами од Тампа за да ме фотографира.“, вели Деси.

Сепак, работите не станале романтични по фотосесијата. Деси всушност верувала дека Мајк е геј за време на нивната прва средба, а тие останале пријатели околу една година пред да започнат да летаат искри. Сега тие се целосно посветени еден на друг. Тие дури поседуваат два бизниси заедно и имаат планови да го врзат јазолот во иднина.

Родителите на Деси го пријатиле Мајк како свој „зет“, но родителите на Мајк најпрвин биле загрижени, но откако виделе колку го прави среќен Деси нивниот син ја прифатиле врската. Исто така Деси вели дека нејзините пријатели мислеле дека врската воопшто нема да трае, а додека пројателите на Мајк го гледале како да е некое „макро“.