Која е мајката, а која ќерката? Помеѓу нив има 23 години разлика, но сите мислат дека се сестри

Мајка за која луѓето постојано мислат дека ѝ е сестра на нејзината 19-годишна ќерка вели дека тинејџерката не се навредува со споредбата затоа што тие се „толку блиски“. Секогаш кога луѓето ќе видат фотографии од 43-годишната Џолен Дијаз и нејзината ќерка Меилани Паркс, тие не можат да веруваат дека постои 23-годишна разлика помеѓу нив.

Џолен, наставничка во основно училиште од северна Калифорнија, откри како успева да одржува ваков младешки изглед, велејќи дека нејзината тајна е чист живот.

Инаку доколку и вие сѐ уште не сфативте која е мајката, да ви помогнеме, тоа е жената од лево со црна коса. Гордата мајка вели дека е „многу блиска“ со Меилани, со тоа што тие заедно прават многу работи како што се шопинг, работа и патување. Благодарение на оваа блискост, тинејџерката не се навредува кога луѓето мислат дека мајка ѝ е нејзина сестра, со тоа што Џолен вели: „Мислам дека не размислува за тоа … Бев прилично млада кога ја добив, па затоа не е невозможно да бидеме сестри.“

И покрај нејзиниот младешки изглед, Џолен вели дека не оди заедно со својата ќерка на забави. 43-годишната жена вели дека својот младешки изглед го должи на „здрав и активен животен стил; „ретко пие алкохол, многу се одмара и јаде урамнотежена, здрава храна“.

Таа вели: „Религиозно се грижам за мојата кожа и секој ден го мијам лицето наутро и пред да одам во кревет. И вистинската тајна? Започнете рано. Почнав да се грижам за мојата кожа на млада возраст, од околу 12 или 13 години. Мајка ми купуваше Мери Кеј и тајно ги користевнејзините производи за нега на кожата. Производ што покажа драматична промена за мене е Третиноин. Повеќето луѓе го знаат тоа како Retin-A. Јас го користам сега околу една и пол година и видов како мојата кожа само се подобрува и подобрува. Јас апсолутно користам крема за сончање, секој ден, дури и во облачни, дождливи денови. Јас исто така користам серум со витамин Ц за ден и ноќ. Да се има добра кожа ми дава самодоверба, дури и во деновите кога не изгледам најдобро.“

И во случај да се прашувате, Џолен веќе инсистира на тоа младата Меилани ја следи истата ригорозна рутина како нејзината. Џолен е разведена од таткото на Меилани веќе 13 години, но вели дека семејството е сѐ уште во добри односи.