Коцкарот Ден Билзериан потроши вртоглава сума на пари за 40 секунди поради погрешен облог на натпреварот на Конор Мекгрегор

Мултимилионерот и плејбој Ден Билзериан е најпознат по неговиот „талент“ за коцкање, но и секако бесцелно расфрлање со парите.

Овој пат ја шокираше јавноста со најновиот облог, кој го чинеше многу. Мекгрегор влезе во рингот за главниот настан на UFC 246 во Лас Вегас на 18 јануари и тука почна лошата среќа за Билзериан.

Коцкарот објавил фотографија на која напишал дека се обложил со „нешто ситно“ на UFC борецот и се покажа дека има пластична кеса полна со монети, иако тешко е да се занемари купот со пари зад него.

Билзериан не откри за колку пари се обложил против Мекгрегор, но луѓето во коментарите имале свои теории според фотографијата и најверојатно се работи за над 1 милион долари.

Откако се обложил Ден требал само да седи и да чека за да види кој ќе ја донесе победата во УФЦ 246. Како што се испостави, тој не требаше долго да чека бидејќи Мекгрегор го „уништи“ противникот по само 40 секунди. И додека некои луѓе би „кубеле коси“ Ден ја видел „смешната страна“ од ситуацијата и на Твитер напишал: „Хаха ср*ње“. Па да, навистина е…