Ќофтиња во доматен сос – Рецепт кој ќе ја освои вашата трпеза и срцата на вашите најблиски!

Вкусн ќофтиња во миризлив доматен сос, рецепт кој ветува насмевки и задоволство на целото семејство. Со неколку едноставни состојки и лесна подготовка, ќе подготвите оброк на кој сите ќе му се вратат повторно.

Ќофтиња во доматен сос – Рецепт кој ќе ја освои вашата трпеза и срцата на вашите најблиски!

Состојки потребни за совршени сочни ќофтиња

За подготовка на ќофтињата ви се потребни:
– 500 г меленo месо
– 1 јајце
– ситно сечкан кромид
– ситно сечкан лук
– презла
– зачин вегета
– масло
– сол
– бибер
– малку слатка пиперка.
За сосот:
– 500 мл сок од домати
– 3 чаши вода
– 50 мл масло
– 3 лажици брашно
– сол
– малку слатка пиперка
– 1 лажица шеќер.

Состојки потребни за совршени сочни ќофтиња

Лесна подготовка за совршен резултат – чекор по чекор

Сите наведени состојки за ќофтињата измешајте ги убаво и оставете ја смесата во фрижидер најмалку 30 минути пред да ги обликувате во топчиња по ваша желба.
За да го направите сосот, загрејте масло во тава и запржете го брашното додека не добие златна боја. Потоа додадете сок од домати и убаво измешајте, постепено додавајќи вода и зачини.
Кога смесата ќе зоврие, внимателно додавајте ги ќофтињата едно по едно, намалете ја температурата и оставете сè да вари на тивко околу 40 минути. На крај, сервирајте со сосот и додаток од пире-компир.

Лесна подготовка за совршен резултат – чекор по чекор

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *