Кога Америка ќе добие нормален претседател? Канје Вест се расплака на својот прв „митинг“ од наводната претседателска кампања

На никој не му е јасно со сигурност дали Канје Вест навистина планира да се кандидира за претседател или се обидува да си добие на популарност, но важно тој многу емотивно си ја сфати улогата. Канје зборуваше за абортусот, односно дека е против него и дека „Не би постоел Канје“ доколку неговата мајка не ја донела одлуката да го роди. „Тој сакал абортус бидејќи бил презафатен. Мајка ми ме спаси,“ вели Вест низ солзи.