Кога дедо ти е милионер (виц)
Коле и другар му се среќаваат на кафе. Другарот го прашува:
– Коле, ти не се ли ожени за Мимето?
– Не бе. Ја запросив, ама ми рече дека сум многу сиромав.
– Па не ли ѝ кажа дека дедо ти е милионер?
– Ѝ кажав.
– И?
– Е па… сега ми е баба.

Коментирај анонимно