Кога другар ти не пие алкохол (виц)
На един другар му е роденден. Тој не пие алкохол. Без многу размислување решив да му го честитам, со стандардниот машки подарок за вакви случаи, смислив и досетлива честитка: „Еве ти чоколадни бонбони, да ги јадеш заедно со другарките и презервативи за да ги избегнеш последиците“.
На касата во супермаркетот оставам кутија “Фереро Роше“ и кутија Дурекс.
Касиерката ми се насмевнува и ми намигнува:
– Можеби треба да купите и шише вино?
Јас:
– Тој не пие…
Имате интересно видео или слика? Испратете го овде.