Кога фанатиците за вежбање ќе сфатат дека Crossfit тренингот е најлошото нешто за телото? Оваа 25-годишна девојка за малку не останала со ЕКСПЛОДИРАНИ раце и откажани органи од интензивното вежбање

Девојка од Јужна Каролина заврши во болница откако рацете ѝ отекле додека правела склекови за време на напорен Crossfit тренинг.

„Не знаев што се случува,“ рече Џесика Џонсон, 25 години, за страшниот настан минатиот месец. „Бев шокирана и не знаев дека вакво нешто може да се случи.“

 

Џесика, која тренира Crossfit во Чарлстон, го правела предизвикот Мурф (Murph Challenge). Овој тренинг вклучува трчање еден ипол километар, правење 300 чучњеви, 200 склекови, 100 кревања на шипка, и потоа уште едно трчање километар ипол.

Работите тргнале наопаку за Џесика за време на кревањата на шипка. „Правев 10 серии од по пет кревања. Излегов од теретана многу уморна бидејќи не сум ги тренирала рацете вака подолго време.“

 

Следниот ден, рацете ѝ биле многу болни и отечени, нешто што никогаш претходно не го почувствувала. Иако рацете ѝ изгледале многу надуени, Џесика не мислела дека е сериозно. „Помислив, „Не сум правела вакви кревања многу долго, беше тежок тренинг, ќе спаднат, сè е во ред.’“

Но, кога отишла да се истушира и да ги измие забите, забележала дека не може целосно да ги исправи рацете.

Следните неколку дена, нејзините раце продолжиле да отекуваат толку многу што луѓето ја споредувале со Халк. „Сите ми велеа: „Мислевме дека си само многу напумпана или нешто такво“ рече таа, забележувајќи дека и нејзината урина добила чудна боја. „Беше потемна, речиси како портокалова,“ рече Џесика. „Пиев многу вода, но не одев толку често во тоалет.“

Дури кога ја изгубила чувствителноста во рацете, отишла во болница. Докторите веднаш ја испратиле на итен оддел.

Тестовите покажале дека Џесика има рабдомиолиза, опасно заболување каде мускулите се разградуваат и ослободуваат токсини во крвта. Ова може да биде предизвикано од екстремни вежби и може да доведе до откажување на органите или дури и до смрт.

„Кај рабдомиолизата, клетките во мускулите буквално експлодираат,“ рече Џесика. „Тоа е како труење на крвта бидејќи телото не може да ги исфилтрира токсините.“

Докторите морале да ѝ ги расечат рацете за да го намалат отокот. На почеток, Џесика мислела дека тоа е претерано, но докторите биле загрижени за нејзините бубрези, кои можат да бидат оштетени од рабдо и да бараат дијализа.

Изненадувачки, бубрезите на Џесика биле во ред. „Докторите беа толку изненадени,“ рече таа. „Постојано ми велеа: „Не знаеме како твоите бубрези не се оштетени со овие високи вредности“.

 

Џесика сепак претрпела мало оштетување на црниот дроб, но била отпуштена од болницата четири дена по приемот и рече дека целосно закрепнала. Докторите ѝ рекле да си даде малку време пред повторно да почне да вежба и да избегнува интензивни тренинзи некое време.

„Ова беше знак за мене да успорам малку,“ рече Џесика. Сега планира да се задржи на трчање, пешачење и полесни вежби како пилатес.

Таа се надева дека нејзината приказна ќе предупреди други за опасностите од премногу интензивни тренинзи. „Премногу вежбање и преголем напор не се добри за вас,“ рече таа. „Во ред е понекогаш да правите порелаксирани вежби.“

Предизвикот Мурф е наречен по американскиот морнарички офицер Мајкл Марфи, кој загинал во Авганистан во 2005 година, и го изведуваат илјадници Crossfit теретани секоја година.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *