Кога Господ сака, сѐ е можно: По 12 неуспешни години, пар конечно го добиле своето дете со последниот замрзнат ембрион

Емили Дикер (43) и Вил Гленон (52) од Бристол, по 12 години обиди со ин-витро фертилизација, го дочекале раѓањето на своето второ дете, синот Хари. Нивното „бебе на надежта“ е родено во октомври, од нивниот 12-ти и последен замрзнат ембрион.

 

Парот ја започнал својата борба за родителство во 2012 година. Првата радост ја добиле со ќерката Оливија пред три години, исто така родена од еден од последните ембриони. Иако не очекувале успех од последниот обид, чекањето се исплатило.

 

Емили објаснува дека долгогодишните неуспешни обиди ја научиле да не ги подига очекувањата и да биде благодарна за секој успех. Таа признава дека долгите години ин-витро го одземаат вистинското уживање во бременоста, поради стравот од разочарување.

Родителството го опишуваат како најголемата радост, додавајќи дека ова искуство ја зацврстило нивната врска.

 

„Бевме решителни и верувавме дека еден ден ќе го дочекаме нашето семејство“, изјавува Емили.

Парот им се заблагодари на лекарите од Бристолскиот центар за репродуктивна медицина за нивната посветеност и експертиза. На другите парови со слични предизвици им порачуваат да останат трпеливи и да не се откажуваат.

 

 

„Никој не сака да мора да оди во клиника за плодност, но доколку тоа е неопходно, важно е да имате доверба во тимот. Ние сме пример дека упорноста може да донесе чудесни резултати”, изјавува Емили

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *