Кога Кинезите крадат, крадат без усул: Новиот кинески производител на електрични автомобили Xpeng е копи-пејст на Tesla

Компанијата Tesla веќе ги обвини за кражба на доверлива документација за автопилотот на возилото, но кинеската дрскост не застанува тука. Од сега на веб страницата на компанијата Xpeng се појави ново возило кое е плукнат Model S, со полоши перформанси, но поубав дизајн. Освен надворешно, автомобилот личи на Tesla Model S и внатрешно. А кога е бал, нека е маскенбал, Кинезите им го ископираа дури и изгледот на веб сајтот.

И сега следува интересниот дел: Кинескиот електричен автомобил има почетна цена од 30.000 долари, додека тој на Tesla е 80.000 долари. Јасно е од што се плаши Илон Маск.

Вистината е дека со ваква „инспирација“, тешко дека Кинезите ќе може да ги продаваат овие возила надвор од Кина, но откако ќе направат доволно пари внатре, ќе се ребрендираат и ќе го освојат светот. Така обично оди тоа.