Кога мажот ќе реши да сврти друга страна во врската (виц)

Имам сериозна врска (барем јас така мислам). Една вечер си легнавме со девојка ми, моите страсти почнаа да горат, кога таа неочекувано рече:
– Не сум расположена, сакам само да ме гушнеш.
– Штооо??!! Што треба да значи тоа?! – скокнав изненаден.
И таа ги изговори зборовите од кои секој маж на планетата се плаши.
– Не си на новото на моите емоционални потреби како жена, за јас да ги задоволувам твоите потреби како маж.
На мојот поглед на убиец таа одговори:
– Не можеш ли да ме сакаш заради мојот карактер, а не само заради с*кс?
Сфаќајќи дека нема да добијам ништо таа вечер, се свртев на другата страна и одвај заспав.
Наредниот ден решив да ги променам работите. Зедов слободен ден. Целиот и го посветив нејзе. Отидовме на прекрасен ручек, а потоа на шопинг во трговски центар. Прво пробуваше фустани и не беше сигурна кој најубаво и стои. И реков да ги земеме сите. Потоа одбравме и чевли што ќе одговараат за секој од нив, па застанавме и во делот со бижутерија. Зеде прилично скапи работи, чисто за да ме тестира, а јас се согласив со се. На крај конечно рече:
– Драги, мислам дека тоа е се, да одиме на касата.
На тоа јас само тивко и реков:
– Мила сега не сум расположен.
Лицето и превледе. Устата и остана подотворена од недореченото:
– ШТООО??!!
И тогаш јас додадов:
– Душо, само сакав да ги подржиш тие работи… А и без тоа ти не си на новото на моите финансиски можности како маж, за јас да можам да ги задоволам твоите женски потреби за шопинг.
И кога во очите и се појави оној убиствен поглед, додадов:
– Драга, зошто едноставно не ме сакаш поради тоа што сум како личност, а не заради нештата што ти ги купувам, а?