Кога не можеме ние бар другите нека уживаат: Човек изгради ресторан за своите симпатични гости
Џејмс Вреланд, од Детроит, секогаш оставал храна за вервериците и птиците кои живеат во близина на неговиот дом. Но, сега кога нема многу обврски одлучил малку да се поигра и да им изгради ресторан на животните кој го нарекол „Maison du Noix“ или Куќа на ореви.
„Maison du Noix“ се состои од неколку ситни пикник маси сместени во мала, оградена област, сите направени од Џејмс во неговото слободно време.
Ресторанот е надополнет со мала статуа на верверица, која држи чинија закуски, а Џејмс дури отиде толку далеку што создаде мало мени за животните. Секоја пикник маса е украсена со асортиман на закуски, а дивиот свет е добредојден да дојде и да оди како што сака – нема потреба од резервација.
„Ние ви нудиме семиња, проследени со лешници и кикирики, стапчиња од леб и за десерт омекнати јаболка.“, вели Џејмс. За да им е интересно на љубителите на птици и верверици Џејмс поставил камера и оди во живот на социјалните мрежи.