Кога паранојата ќе го победи разумот? Пивото Корона претрпе огромни загуби по избувнувањето на коронавирусот

Компанијата која е сопственик на пивото Корона, ги доживеа своите најголеми загуби во целата деценија како резултат на појава на коронавирусот.

Anheuser-Busch InBev ја поседува не само Корона, туку и други познати брендови како Будвајзер, Стела Артоис и Бекс.

Сепак, во последните два месеци, откако започна да се шири коронавирусот во Кина, компанијата доживеа загуба во заработка од 170 милиони американски долари. Како резултат, газдите се принудени да го намалат бонусот на главниот извршен директор и да прогнозираат еден од најстрмните падови во нивните квартални извештаи за профит.

Од компанијата се надеваат дека причината за намалување на продажбата во Кина е тоа што помалку луѓе излегуваат во јавност, а не паранојата поради името на пивото. Затоа, влијанието се одразува на ноќниот живот во земјата, бидејќи многу барови и ресторани се принудени да ги затворат своите врати.

Компанијата со седиште во Белгија обично продава повеќе пиво на кинескиот пазар отколку во цел САД. Исто така заради коронавирусот почнаа да тонат и светските пазари на акции, како на пример вчера беа „избришани“ 5 трилиони долари во, како што е опишано, како најлошата недела од финансиската криза во 2008 година.