Кога си имаш паметно куче изолацијата и не е толку голем проблем

Додека Мексико допрва треба да спроведе закони за карантин, еден човек со желба за грицки реши да не ризикува и да „замоли“ добар пријател да му помогне. Антонио Мујоз веќе трет ден бил во својот „карантин“.

Сепак тој не бил задоволен од храната која ја имал по дома и сакал да јаде чипс. Сепак поради ситуацијата не сакал да оди во продавница за да го купи чипсот.

Така тој го испратил своето куче во набавка, на кучето тој оставил лист на кој пишува: „Здраво господине продавач. Те молам продај му на моето куче Читос, портокаловите, не црвените тие се премногу лути. Таа има 20 долари во прилог на јаката. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ќе ве гризне доколку не се однесувате со неа како што треба. Вашиот сосед.“

Има толку многу варијабли во патувањето на кучето до продавницата. Како знае каде да оди? И доколку стигне до дестинацијата дали продавачот ќе ја види?

Исто така и куче што шета со пари по улицата? За среќа како една од попозитивните работи што се случуваат овие денови во светот кучето се вратило дома со чипсот.