Кога си оптимист по природа и одиш да ги запознаеш родителите на девојката (виц)

Влегува млад фраер во аптека и прашува:
– Имате ли презервативи?
Аптекарот;
– Секако, колку сакате?
– Дајте ми еден.
Аптекарот му го подава, но фраерот се премислува:
– Знаете, одам на вечера кај девојка ми да се запознам со нејзините. Таа има многу јака сестра, мислам дека и сестра ѝ ќе очекува нешто. Дајте ми два.
Аптекарот му дава уште еден, но фраерот пак:
– Море дајте ми цело пакување, мислам дека и мајка ѝ ќе сака нешто.
Аптекарот му дава, овој плаќа и си оди.
Вечерта сите седнуваат на масата и почнуваат да се молат пред вечерата. Сите престануваат со молитвата а фраерот продолжува. Неговата девојка културно чека некој момент, но овој не престанува да се моли. На крај таа му вели:
– Никогаш не си ми кажал дека си толку религиозен!?
А тој ѝ одговара:
– Никогаш не си ми кажала дека татко ти е аптекар.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *