Кога си пијан полицаец сѐ е можно: Дрво во Пакситан е уапсено повеќе од еден век
Пред 125 години, во градот Ланди Котал, недалеку од границата со Торхан, се случил еден од најчудните настани. Пијан британски офицер Џејмс Сквиџ решил да му одржи лекција на дрвото и го оковал на земја и оттогаш дрвото е уапсено.
Британскиот офицер бил убеден дека дрвото се обидува да побегне од него додека тој се обидувал да се приближи. Тој наредил да го врзат со синџир за земја и го прогласил за приведено. Оттогаш, синџирите не се отстранети, а на местото на настанот е поставена спомен плоча, која раскажува неверојатна приказна за љубопитните туристи.
Таблата на дрвото гласи: „Јас сум приведен. Една вечер, еден британски офицер, многу пијан, помисли дека ја напуштам првобитната локација и му нареди на наредникот да ме уапси. Оттогаш сум во притвор“.
Дрвото привлекува туристи и патници со својата единствена историја. Меѓутоа, локалните жители го гледаат не само како забавен артефакт, туку и како симбол на угнетувањето под британската власт.
„Со овој чин, Британците во суштина им ставија до знаење на Пакистанците дека ако се осмелат да зборуваат против владата, и тие ќе бидат казнети на ист начин“, коментира еден од локалните жители.
И покрај неговото контроверзно минато, синџирното дрво на Пешавар е важна знаменитост, привлекувајќи туристи во областа.
Коментирај анонимно