Кога сонот ќе стане реалност: Пике пред 29 години доби автограм од својот омилен фудбалер

Официјално, оваа недела започна болниот „после Меси“ период за Барселона. За среќа на Роналд Куман тимот се покажа добро на првиот натпревар во Лигата и го победи Реал Сосиедад со 4-2. По натпреварот, тренерот го истакна настапот на својот тим и особено го пофали Џерар Пике.

„Минатата година тој веќе беше лидер на овој тим. Физички тој е подобар оваа година. Неговиот став беше примерен за сите Каталонци “, рече холандскиот тренер.

Малку подоцна, централниот дефанзивец објави видео од пред речиси 30 години. Да, материјалот од неговата лична архива датира од 1992. Таму може да го видите малиот Пике на 5-годишна возраст кој заедно со своите родители го сретнува Роналд Куман, кој во тоа време беше еден од најдобрите фудбалери на Каталонците.

Малиот Пике добил автограм и фотографија од тогашниот капитен на Барселона. Сега двајцата повторно се во клубот, Куман како тренер, а тој како еден од замениците капитени.