Кога технологијата спасува животи: Ветеринар користи „Apple Watch“ за да измери пулс на лав, ставајќи го уредот на неговиот јазик!
„Епл часовник“ ќе го чува вашето животно подалеку од ветеринарот? Ветеринарите од дивиот свет го редефинираа „скенирањето на мачки“ откако земаа пулс од лавот користејќи го гаџетот. Ситуацијата е опишана во видео на „Инстаграм“.
„Тоа е вистинска приказна“, опиша д-р Клои Буитинг – која е потпишана како @jungle_doctor на платформата.
Во една од нејзините неодамнешни клипови, докторката за животни сподели видео од седатиран лав на кој му ги следи отчукувањата на срцето преку „Apple Watch“ – трик за кој рече дека го научила од колешката и ветеринар д-р Фабиола Кесада.
Во него, Симба може да се види испружена на масата како ‘рчи, со уредот околу јазикот.
„Не знам што е поимпресивно… рчењето или откритието дека @apple Watch може да го измери пулсот на лавот ако го врзете за јазикот (дури и ако е една од помалку конвенционалните „off-label“ употреби за уредот)“, објасни Буитинг.
„Ова откритие е особено корисно бидејќи еден од најголемите предизвици за работа со животни на терен е следењето на анестезијата“.
Ветеринарот додаде дека подвигот е особено импресивен со оглед на тоа што повеќето срцеви монитори се дизајнирани за помали животни, а не за „Кралот на џунглата“.
Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од апликацијата на „Apple Watch“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
ctzHphNCyfwFi
CdFioSDBTqn
Коментирај анонимно