Кога велиме „оди во кујна да јадеш“ не мислиме вака

Една жена во Тајланд се разбудила со неочекуван посетител откако слон влетал во нејзината куќа во потрага по храна.

Жената вели дека слушнала пукање и трескање во раните утрински часови на 19 Јуни, но наместо да се соочи со крадец, таа видела како глава на слон ѕирка низ ѕидот во нејзината кујна.

Слон предизвикува апсолутен хаос во кујната, фрлајќи прибор и тави на подот, отворајќи кујнски фиоки и џвакајќи пластични кеси, а да не зборуваме за дупката што ја остави во ѕидот.

.