Кога жена ти сака да започна кавга (виц)
Сопругата: Што ќе правиш ако умрам? Ќе се ожениш ли повторно?
Сопругот: Се разбира дека не!
Таа: Зошто? Да не не ти е убаво да си женет?
Тој: Убаво ми е, се разбира!
Таа: Е па зошто тогаш велиш дека нема да се жениш повторно?
Тој: Добро тогаш, ќе се оженам.
Таа: (видно изнервирана) Така значи…
Тој: (воздивнува, сфаќајќи дека муабетот тера на кавга)
Таа: И во нашата куќа ли ќе живеете.
Тој: (по кратко размислување дали да каже не) Зошто да не, добра куќа е.
Таа: И ќе спиете во нашиот кревет?
Тој: А каде на друго место?
Таа: Ќе ѝ даваш ли да ја вози мојата кола?
Тој: (пак одговара дипломатски) Се разбира, скоро нова е и многу е убава…
Таа: И претпоставувам ќе ги замениш моите слики со нејзини?
Тој: Веројатно…
Таа: И со неа заедно ќе си нарачувате пица за вечера од нашата омилена пицерија?
Тој: Не, таа е вегетаријанка…
Таа: –тишина–
Тој: Е сега на*бав, нели?
Коментирај анонимно