Кога жената ќе ги послуша препораките за коронавирусот (виц)

И така, ги послушав препораките, не излегувам од дома и констатирав дека:
– сум опасна готвачка;
– многу чистопатна;
– многу сакам да читам;
– сакам да пеглам;
– сум можела да везам и гоблени!(О, чудо!);
– мажот ми е одличен љубовник;
– јас сум одлична исто така (негова констатација);
– би можела да месам и да направам бизнис со зелник;
– можам да заспијам и после ручек;
– можам да испијам не една, туку две ракии!
Јас дури не сум ни замислувала колку многу таленти имам!