Кои професии во Македонија имаат највисоки, а кои најниски плати?

Според државниот завод за статистика, просечната нето плата по вработен за месец Април 2021 изнесувала 28.438 денари, додека бруто платата изнесувала 42.441 денари.

Според податоците, најниска просечна бруто плата е исплатена на секторот за истражување и заштита (23.110 денари), а по него следат: сектор за производтсво на кожа (24.900 денари), секорт за производство на облека (25.380 денари)  и секторот за туризам и останати резервациски дејности (25.800 денари).

Од друга страна, највисока бруто плата е исплатена во областа на компјутерско програмирање (110.360 денари),  финансиско-услужниот сектор (84.140 денари), сектор за производство на фармацевтски производи (70.250) и секторот за останати научни и технички дејности (66.980  денари).