Кои се скриените пораки кои како возрасни можеме да ги извлечеме од книгите за деца?
Како што старееме, нашата перцепција се менува, па затоа не е чудно што наоѓаме нови значења во книгите што сме ги читале како деца.
Скриените пораки во детските книги секогаш знаат да не` изненадат и да не` научат на нешто ново па затоа ве покануваме да ги препрочитате уште еднаш и дa научите некои нови животни лекции од нив.
Ова се животните лекции кои ние ги извлековме од детските книги.
Хобит

Скриена порака во Хобит: Патувањето е најдобрата практика за самоистражување. Билбо има многу јасен морален компас. Тој разбира што еден хобит може да биде и да прави за да остане на страната на доброто.
Малиот принц

Скриена порака во Малиот принц: Не дозволувајте вашата љубов да стане се што цените. Сите сакаме да имаме посебни односи, што е нормално. Но, она што не е нормално е целосно да се посветите на другите. Љубовта која бара животна жртва не е љубов.
Малата сирена

Скриена порака во Малата сирена: Важно е да бидете верни на себе. Порано мислевме дека среќен крај за Малата сирена е свадба со принцот. Сега, веруваме дека по бројни обиди и неволји, таа го доби она што го заслужи: вистинската верзија од себе.
Петар Пан

Скриена порака во Петар Пан: Бегајќи од зрелоста, бегате од животот.
Пипи Долгиот Чорап

Скриена порака во Пипи Долгиот Чорап: Осаменоста е нешто што често не турка напред и не прави силни. На крајот од книгата, Пипи и нејзините пријатели јадат грашок и се преправаат дека тоа ќе спречи да пораснат. Ова ни овозможува да извлечеме свои заклучоци. Некои, децата неизбежно ќе пораснат и ќе се претворат во бесчувствителни возрасни. А некои ќе останат љубезни деца во нивните срца.
Мери Попинс

Скриено прашање во Мери Попинс: Дали Мери Попинс би можела да ги заврши сите свои задачи без магија?
Би и препорачале на Мери да не врши притисок врз децата, туку да се обиде да ги разбере.
Авантурите на Алиса во земјата на чудата

Скриена порака во Авантурите на Алиса во земјата на чудата: Понекогаш, сè што ни треба е добра дремка.
