Кои студенти препишуваат на испит? (виц)

Испит на факултет. Професорот, стар, искусен, внимателно ги следи студентите и од време на време ги фаќа и ги брка од испит тие што препишуваат.
Влегува деканот и му вели на професорот:
– Ааа, испит држите колега? Тука сигурно е полно со љубители на препишувањето!
Професорот му одговара:
– Не декане, љубителите на препишувањето ги бркам од испит. Тие што останаа се само професионалците.