Кој би рекол дека и ова е „дисциплина“: Иранец држи 96 лажици на своето тело соборувајќи го сопствениот Гинисов рекорд

Иранецот Аболфазл Сабер Мохтари повторно го воодушеви светот со својата неверојатна вештина – овојпат држејќи 96 лажици на своето тело, соборувајќи го сопствениот рекорд во Гинисовата книга.

 

Кој би рекол дека и ова е „дисциплина“: Иранец држи 96 лажици на своето тело и соборувајќи го сопствениот Гинисов рекорд

Од детска игра до светски рекорд: Мохтари и неговата „магнетска“ моќ

Аболфазл го постави својот прв рекорд во 2021 година со 85 парчиња прибор за јадење, а потоа двапати го надмина: прво со 88, а сега со неверојатни 96 лажици. Процесот на поставување на рекордот е речиси ритуален – тој стои гол до половината, неподвижен, додека асистент внимателно ги поставува лажиците на неговиот грб, гради и раце.

Според него, сè е резултат на години вежбање, самодисциплина и ментална концентрација. Вели дека предметите ги „лепи“ на телото со пренос на внатрешна енергија – нешто што го открил уште како дете.

„Сè се сведува на концентрација и редовна практика“, вели Мохтари, чии изведби се подеднакво фасцинантни и хипнотизирачки за публиката.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *