Кој донел и шета мало лавче во Македонија?

Деновиве на социјалните мрежи кружи слика на која се гледа маж како држи младенче лав. Мажот е клекнат покрај црн автомобил (изгледа како BMW  X5) со кумановски регистрација поради што се шпекулира дека фотографијата е направена некаде во Македонија.

Од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ бараат одговорност од надлежните.