Кој е човекот што успеа да преживее? Семејството на Британецот што го преживеа падот на авионот во Индија конечно се огласи
Британскиот државјанин Вишваш Кумар Рамеш (40) е единствениот преживеан од трагичниот авионски пад во Индија. Неговото семејство од Лестер ја откри неговата прва реакција по несреќата — тој, велат, „нема поим како излегол од авионот жив“.
Авионот на Air India, кој полета од аеродромот Сардар Валабхаи Пател во Ахмедабад, се урна веднаш по полетувањето, удирајќи во станбена зграда.
„Цел беше во крв – но жив“
Неговиот брат Најан Кумар Рамеш (27) изјави:
„Бевме во шок штом го слушнавме тоа. Последен пат зборував со него вчера наутро. Уништени сме, навистина.“
Друг роднина, Џеј, откри дека Вишваш веднаш по несреќата го побарал својот брат Аџај, кој бил со него во авионот:
„По несреќата му се јави на татко му и го прашуваше ‘Каде е Аџај?’“
Тој додаде дека Вишваш бил „целиот со крв“ и имал повреди на лицето, градите, очите и стапалата. И покрај сè, се наоѓал во стабилна состојба и бил згрижен во болница.
Што се случи при падот?
Сведоштвото на Вишваш е кратко, но потресно. За Hindustan Times изјави:
„30 секунди по полетувањето се слушна силен звук и веднаш потоа авионот се урна. Сè се случи многу брзо. Кога станав, наоколу имаше тела. Бев исплашен. Станав и тргнав да бегам. Некој ме фати и ме стави во амбулантно возило.“
Првичните информации од властите беа дека нема преживеани, но потоа беше откриен единствениот патник во седиштето 11А.
Во авионот имало 169 индиски државјани, 53 Британци, 1 Канаѓанец и 7 Португалци, како и жители на зградата што ја удрил авионот Boeing 787 Dreamliner. Потрагата по жртви и преживеани сè уште трае.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно