Кој е Јапонскиот „Твитер убиец“ кој одзема 9 животи и доби смртна казна

Такахиро Шираиши, познат како „Твитер убиец“ е осуден на смрт за убиства на девет лица. Шираиши беше прогласен за виновен за убиство, распарчување и чување на телата на девет жртви во неговиот стан во Зама, во близина на Токио. 30-годишниот сериски убиец, од Јапонија, се изјасни за виновен за своите злосторства, а исто така изјавил дека нема да се жали за смртната пресуда.

Серискиот убиец е роден во октомври 1990 година. Неговото минато било само предзнак за тоа какво чудовиште е тој. Пред да се пресели во Зама, Шираиши работел како „Каори Скуто“ (извидник кој ги намамува жените во борделите за да работат во се*суалната индустрија) во Кабукичо, најголемиот кварт на црвени светла во Токио. Во оваа фаза, луѓето започнале да го предупредуваат локалното население за него, опишувајќи го како „гаден извидник“.

Потоа во август 2017 година Такахиро се преселил цо Зама, Токио и тука почнал да го реализира својот морничав и злобен план. Тој објавил оглас во кој бара од луѓето да дојдат во неговиот дом за да може да ги гледа како се самоубиваат. Тој понудил да ги гледа, па и да им помогне да се самоубијат.

Негов пријател посочил дека тој сакал да игра игри со гушење со некои пријателки од училиште, а знаците на неговите подоцнежни жртви укажувале на тоа дека биле загушени до смрт. Тој жртвите ги контактирал преку Твитер и токму поради тоа е наречен „Твитер убиец“.

Во период од август до октомври убил 9 лица, од кои најголем дел биле млади жени, а имало и 3 тинејџерки. Жртвите биле на возраст од 15-26 години, но нивните идентитети не се откриени поради приватноста.

Крајот на неговите крвави убиства дошол откако братот на една 23-годишна жртва одлучил да го истражи нејзиниот Твитер профил откако таа исчезнала. Тој сфатил дека девојката се допишувала со Такахиро и им го посочил на полицијата.

Но, шокот за полицијата и јавноста допрва следел. Кога полицијата дошла во станот на Такахиро ѝ го прашале каде е девојката, тој ладнокрвно им кажал дека е во фрижидерот. Во неговиот стан биле пронајдени над 200 делови од тела на 9 жртви. Низ целиот стан се чувствувала ужасна смрдеа. Пред да ги направи убиствата Такахиро му рекол на својот татко дека неговиот живот нема значење.

Додека неговите адвокати првично тврдеа дека неговите жртви биле „убиени со согласност“, Шираиши подоцна потврдил дека тој ги убивал без нивна согласност (за убиство со согласност во Јапонија се добива казна затвор од 6 месеци до 7 години, по убиство).

Судијата Наокуни Јано ги опиша злосторствата на убиецот како „лукав и суров“, велејќи: „Ниту една од деветте жртви не се согласи да биде убиена, вклучително и тивка согласност. Исклучително е сериозно што им беа одземени животите на девет млади луѓе. Достоинството на жртвите беше погазено.“

Според локалните медиуми, повеќе од 400 лица се појавиле да ја гледаат пресудата на 15 декември и покрај тоа што на судот му беа достапни само 16 места.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!