Кој е плавушата во фамилијата? (виц)

Мажот ѝ вели на жената:
– Жено ајде да ми решиш една задачка, како за плавуши. Ако 4 јајца се варат 4 минути, за колку време ќе се сварат 8 јајца?
– За 8 минути
– Ха-ха-хаа… знаев. И по која логика, генијалче мое?
– По домаќинска логика, Ајнштајну. Тенџерето ми собира по 4 јајца.