Кој е „Роберт Де Ниро“ од Романија кој шверцувал над 1.300 апчиња екстази?

Замислете да сте полицаец во Романија и некој маж да ви даде лична карта на која пишува Роберт Де Ниро. Првин ќе си помислите дека кумот имал лоша смисла за хумор, но во овој случај шегата не оди во тој правец.

53-годишниот Сорин Булгару доби 9 години затворска казна за фалсификување и измама откако тој и неговиот пријател користеле лажни лични карти за да извадат банкарски заеми.

На личната карта го имало ликот на Роберт Де Ниро со адреса на живеење „гробиштата Етернитатеа“ во градо Јаш во северо-источна Романија, со имињата на неговите родители дадени како Мадона и Ентони. Вистинскиот Де Ниро првенствено престојува во имот во Гардинер, Њујорк.

Набргу по пуштањето на Булгару на условна казна, полицајците откриле 1.373 апчиња екстази во неговиот стан во соседството Николина, каде што живеел сам. По ова откритие, Булгару е уапсен и сега ќе биде задржан во притвор под сомнение за трговија со дрога во траење од 30 дена.

Полицијата во Романија изјавила дека веќе некое време го набљудувале лажниот Роберт Де Ниро и се подготвувале за акцијата да го уапсат.