Кој е убиецот од Тексас? Пред масакрот тој испратил грозоморна порака: „Имам мала тајна…“
Има се повеќе детали за 18-годишникот кој во вторникот изврши ужасен напад во основно училиште во Тексас.
„Тој беше тивок тип, кој не зборува многу. Не се дружеше многу со другите вработени. Ја работеше работата и само го земаше чекот”, работник во синџир за брза храна каде што работел убиецот, изјави за Си-Ен-Ен.
Салвадор Рамос (18) отвори оган при што уби 19 деца и двајца возрасни. Пред налудничавиот чин пукал во својата баба која е во критична состојба во болница.
Двајца полицајци се полесно повредени, а напаѓачот е убиен откако полицијата интервенирала. Властите веруваат дека тој дејствувал сам.
Во медиумите се шират се повеќе детали за Рамос. Неговиот поранешен школски другар рече дека напаѓачот му испратил фотографија на која се гледа огнено оружје и вреќи полни со муниција.
Еден пријател, кој сакаше да остане анонимен, рече дека е донекаде близок со Рамос. Одвреме-навреме се слушаат за да играат видео игри заедно. Откако му испратил слики од оружје и муниција, пријателот на Рамос го прашал зошто го има тоа во својот дом.
„Ми рече да не се грижам. Ми рече дека сега изгледа поинаку и нема да го препознаам.“, изјави пријателот. Тој додаде дека Рамос бил исмејуван од другите ученици поради облеката што ја носел и поради финансиската состојба на неговото семејство.
„Тој едноставно не сакаше да оди на училиште… На крајот се откажа. Едвај доаѓаше.“, додаде тој.
Три дена пред масакрот во училиштето, на Инстаграм беше објавена и фотографија од две пушки на профил за кој неколку луѓе потврдија дека му припаѓа на Рамос.
Nypost пишува дека Рамос означувал луѓе на Инстаграм од тој профил, вклучително и корисничка која вели дека била изненадена што на фотографија со пушки ја означил потполно непознат човек. Тој ѝ испратил и порака „дека има мала тајна“.
Таа го прашала каква врска има со неговите пушки, а тој одговорил дека сака само да ја означи. Тој во вторникот ѝ пишал „наскоро“. Таа го прашала што, а тој ѝ рекол дека ќе ѝ каже подоцна. Тој повторил дека има мала тајна што сака да ѝ ја каже и додал емотикон што ја покрива устата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!