Кој го изврши нелегалното преградување и ја краде водата од реката Лепенец?

Реката Лепенец е преградена од непознати лица кои со багери влегле во коритото и успеале да ја пренасочат водата во два канала, при тоа воопшто не воделе сметка за биолошкиот минимум. Инцидентот бил откриен од страна на рибарското друштво „Рибар 2011“, кои случајот го пријавиле во Државниот инспекторат за животна средина. Друштвото е составено од членови кои се концесионери на рибниот фонд во Лепенец.

Членовите на друштвото, наместо брзата реакција која ја очелувале добиле одговор дека „за вакви случаи треба да се реагира во моменот додека се случува преградувањето на реката за да може инспекторите заедно со полицијата веднаш да излезат на терен и евентуално да се запленат градежните машини кои го вршат нелегалното пренасочување и да се казнат сторителите“. За жал рибарите задоцниле, а кога инспекторите излегле на терен немало што да се стори со оглед на тоа што сторителите се непознати и нема докази кои би го откриле нивниот идентитет.

 

– Битно е во моментот да се пријави за да се излезе веднаш на терен и да се фати сторителот на лице место. Сè отпосле е џабе, за жал – коментираат тие.

 

– Како концесионери ќе ги известиме надлежните институции да преземат мерки да се отстрани таа нелегална брана, а сторителите да бидат санкционирани – велат од „Рибар 2011“.