Кој го убил Гоце Делчев? (виц)

Македонија денес. Час по историја.
Наставникот прашува:
– Кој го убил Гоце Делчев?
Ученик:
– Кој е тој Гоце Делчев?
Друг ученик:
– Што ми е гајле?
Наставникот:
– Ти Зоки, кажи кој го убил?
Зоки:
– Не сум јас…
Наставникот изнервиран го напушта часот и оди кај директорот, партиски војник, штотуку поставен од новата власт:
– Директоре, не оди ова вака! Ги прашувам учениците од 6-то А одделение „Кој го убил Гоце Делчев“, никој не знае, а на крај Зоки ми вели „Не сум јас“!
Директорот станува од столчето, се наведнува над бирото и со мирен глас му прошепнува на наставникот:
– А ти сигурен ли си дека убиецот е од 6-то А? Може навистина да не е Зоки.