Која држава има најдобри колбаси? (виц)

Седат во ресторан Англичанка, Германка и Македонка.
Англичанката вели:
— Кога јадам виршла, секогаш се потсетувам на мојот Џон!
Германката додава:
— А јас, кога јадам колбас, веднаш ми текнува на мојот Фриц!
Македонката воздивнува:
— Ех, јас пак кога јадам салама, не можам а да не помислам на мојот Трпе!
Англичанката и Германката зачудено:
— Не е можно! Толкав ли е?!
Македонката:
— Трпе кога работеше во Мик Свети Николе, секој ден дома носеше салами, а вие што си помисливте?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *