Кој има предност на кружен тек? Неколку правила што треба да ги знаете доколку сте возач
Кружните крстосници се воведуваат за да се намали метежот и да се зголеми безбедноста на раскрсниците, особено со избегнување на судири под прав агол при голема брзина. Но, опасни ситуации често настануваат при напуштање на кружниот тек, кога возачите не се придржуваат до сообраќајните правила или ги заборавиле.
Честа слика на кружен тек се возачи кои се исклучуваат од вториот или третиот ред, притоа сечејќи ја патеката на возила што продолжуваат право или сакаат да се исклучат правилно. Овие ситуации се потенцијално ризични и можат да доведат до судири. За да се избегне тоа, возачите мора да го познаваат значењето на хоризонталната сигнализација и поставените сообраќајни знаци.
Правец на движење по ленти
На пример, ако едно возило се движи по крајната десна лента, но не планира да ја напушти крстосницата, а друго возило од внатрешна лента се обидува да излезе од кружниот тек, нивните патеки се вкрстуваат – што создава реален ризик. Во ваков случај, одлучувачки фактор е знакот „Правци на движење по ленти“. Доколку тој не е поставен, се применуваат општите правила – исклучување е дозволено (и препорачано) само од крајната десна лента, а возачот мора да даде десен сигнал.
Движење во однос на соодветната лента
Во случаи кога постои знак, возачите се должни да ја изберат соодветната лента уште пред влезот во кружниот тек и да се движат во рамки на дозволената траекторија. На пример, ако десната лента дозволува исклучиво десно свртување (прв излез), а втората дозволува продолжување и десно, тогаш секој возач мора да се исклучи во соодветниот редослед: од првата лента – во првиот излез, од втората – во вториот и така натаму.
Затоа, кога нема специфичен знак за насока на движење, исклучување треба да се прави само од десната лента. Возач кој се исклучува од внатрешните ленти ги прекршува правилата и не може да има предност. Со почитување на сигнализацијата и со задржување на редот на движење, возачите можат значително да ја зголемат безбедноста на кружниот тек.
Slikava pogore so crvenoto i zelenoto vozilo vi e vo red no samo dokolku bevte UK ili Indijski portal ,
,
Izgleda toj sto go postiral tekstov nema vozacka
Значи вака се вози на кружен тек. Предност има оној што е веќе влезен во кружниот тек. Доколку се исклучуваш на првиот излез, влегуваш во надворешната лента. Доколку излегуваш во вториот или третиот излез….. влегуваш во внатрешната лента. Така никогаш нема да се случи ситуација да некој некому пресече лента. Многу е просто и едноставно, само нели е ова МК. Нема да не биде ни за 100 години.
Ova e 100 nasto tochno. Ako nekoj misli drugachie neka ja prochita, nauchi knigata od Gico vasilevski i nkogash nema de greshi
Илустрацијата не е соодветна на текстот. Кај нас се вози спротивно од движењето на стрелките на часовникот.
Ова не е Англија ,илустрацијата не е соодветна.
Коментирај анонимно