Кој кого тужи? Лејди Гага е тужена затоа што одбила да плати награда од 500.000 долари на пронаоѓачот на нејзините кучиња, но што ако пронаоѓачот е соучесник во кражбата?
Џенифер Мекбрајд вели дека Гага (36) јасно ставила до знаење дека на лицето што ќе и ги врати кучињата ќе му плати 500 илјади долари, „без проблем“.
Пејачката на „Покер фејс“ ја објави наградата во февруари 2021 година, откако и беа украдени кучињата.
Мекбрајд, наводно, сака 500.000 долари, а исто така сака судот тројно да ја зголеми отштетата на 1,5 милиони долари за објавување на погрешната награда.

Кучињата на ѕвездата, Који и Густав, беа украдени од нејзиниот шетач на кучиња, Рајан Фишер, под закана со пиштол во Лос Анџелес.
Во извештајот се објаснува дека неколку мажи му пришле на Фишер, скокнале од автомобилот и ги грабнале кучињата, пукајќи го во тој процес.
Тој бил оставен застрелан на тротоарот кога го нашле соседите, а на крајот ги преживеал повредите.
Заменик-обвинителката на округот Лос Анџелес, Мишел Ханисе, изјавила дека Мекбрајд знаела дека кучињата се украдени кога ги вратила.

Нејзината намера била да ја добие наградата. Таа, исто така, со години ги познавала мажите вклучени во пукањето. Мекбрајд првично и ги вратила кучињата на актерката во станицата на Олимписката заедница во ЛАПД два дена откако биле земени. Жената била обвинета и дека била соработник на кривичното дело.
Наводно, Мекбрајд се забавувала со таткото на еден од мажите одговорни за злосторството.
Човекот кој го застрела Фишер, Џејмс Хауард Џексон, не се спротивстави на обвинението за обид за убиство и доби 21 година затвор.

Пејачката на „Just Dance“ првично сподели објава на „Инстаграм“ каде ја изрази својата болка во срцето, како и информации за наградата.
Таа напиша: „Моето срце е болно и се молам моето семејство повторно да биде цело со чин на добрина. Ќе платам 500.000 долари за нивно безбедно враќање“.


Гага исто така рекла: „Или, ако сте ги купиле или сте ги нашле несвесно, наградата е иста. Продолжувам да те сакам Рајан Фишер, си го ризикуваше животот за да се бориш за нашето семејство. Засекогаш си херој“.

Коментирај анонимно