Кој рече дека кокошките се за да ги чуваат само баба и дедо? Како бизнис идејата на 9-ГОДИШЕН ГЕНИЈАЛЕЦ прераснала во заработка од 5 МИЛИОНИ долари годишно!

Момче успеа да го зголеми својот бизнис со јајца од мала тезга на пазар до снабдувач на најголемите синџири на супермаркети во Австралија – сето тоа дури и пред да може да добие возачка дозвола.

Бизнисот започнал кога семејството на Џош Мареј се преселило во стара борова плантажа во долината Кери, околу 70 километри северозападно од Мелбурн, во 2008 година и биле шокирани кога откриле дека претходниот сопственик оставил зад себе 40 кокошки.

 

Деветгодишниот Џош, желен да заработи џепарлак, склучил договор со своите родители дека ќе се грижи за кокошките ако може да ги продаде нивните јајца.

„Тој се грижеше за кокошките, мораше да ги нахрани, да го исчисти кокошарникот, кокошките беа негова одговорност, тој почна да им продава на соседите, но ние имавме само три“, изјави неговата 54-годишна мајка Тамсин.

Меѓутоа, Џош брзо забележал дека има премногу јајца и нема доволно муштерии, па го однел својот бизнис во локалните продавници и пазарот на фармери. Г-ѓа Мареј рече дека кога Џош обезбедил договор со локалната „Foodworks“, таа сфатила дека тие треба да ја посветат целата своја фарма на неговите кокошки.

Од таму се започнало.

Семејството на Џош се приклучило во помагањето во водењето на бизнисот, а компанијата го ангажирала својот прв надворешен работник во 2012 година за да помогне во собирањето јајца од 1.500 кокошки. До 2013 година нивното стадо пораснало на 2.000 кокошки. Уште две години подоцна и нивната фарма имала 10.000 кокошки и осум вработени.

 

 

Џош подоцна купил порамна фарма од 250 хектари, на само пет минути од нивниот дом во долината Кери, па кокошките имале повеќе простор за талкање.

„Тоа е многу различно од пошумените ридови меѓу кои живееме. Полесно е да имаш кокошки овде бидејќи имаат толку многу простор за да бараат храна“, објасни Џош. „Стадата се мали, кокошките се помалку под стрес и лесно доаѓаат и си одат од бараката. Тоа е место за спиење и за снесување јајце. Понекогаш ако врне тие влегуваат внатре. Во суштина, кокошките живеат надвор.“

 

 

Во 2015 година Џош, тогаш 13-годишниот, одлучил дека сака да го однесе својот бизнис уште подалеку и напишал срдечно писмо до познатиот супермаркет „Колс“ објаснувајќи зошто тие треба да го преземат неговиот производ. Подоцна истиот ден, тој добил одговор во кој тој и неговата мајка биле поканети да се сретнат со директорите во Мелбурн. Не сакајќи да ги стави сите јајца во една корпа, Џош се приближил и до маркетот „Вулвортс“.

И двата супермаркети кои се многу познати во Австралија, ја искористија можноста да ги продадат неговите свежи јајца од фармата за околу 8 долари десет. Тие се продаваат и во супермаркетот IGA и LaManna, како и Foodworks.

 

Во последната финансиска година, „Josh’s Rainbow Eggs“ беа продадени во повеќе од 100 продавници низ Викторија и остварија годишен обрт од 5 милиони долари.

„Кога десетици илјади ги јадат вашите јајца секоја недела, тоа се многу луѓе“, рече г-ѓа Мареј.

Во 2019 година на Џош му беше доделена Викторијанската награда за млади достигнувања за еколошка одржливост.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *