Кој си чита вицови на Мотика, ќе си знае финти за секоја пригода

Таман жената завршува со туширањето, некој ѕвони на вратата. Мажот ѝ вели:
– Жено, отвори! Јас сум зафатен!
Жената отвора само по бањарка и гледа на вратата стариот познаник Кире.
Кире ја гледа жената, вади од џебот 200 евра и ѝ вели:
– Спушти ја бањарката и овие 200 евра се твои.
Жената малку се подзамислува, но Кире е упорен и инсистира да види што има под бањарката и поштено да си палти за тоа.
Жената решава на брзина да му покаже, без да забележи мажот ѝ. Ја спушта бањарката, Кире зјапа неколку моменти. Потоа ѝ ги дава 200-те евра и си оди. Жената презадоволна влегува во собата а мажот ја прашува:
– Кој беше?
– Кире.
– А Кире, сигурно ти ги врати тие 200 евра што му ги позајмив минатата недела.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.