Кој вели дека органската храна е скапа? Со dmBio квалитетот доаѓа по секогаш поволни цени!

 Грижата за здравјето и свесниот однос кон природата сè почесто започнуваат од чинијата, преку изборот на квалитетна, природна и внимателно одбрана храна. Органската исхрана денес не мора да биде недостапна или скапа, туку може лесно да стане дел од секојдневието и од семејната трпеза. Токму затоа, со повеќе од 400 сертифицирани органски производи од сопствената марка dmBio, dm нуди богата, разновидна и внимателно селектирана понуда по секогаш поволни цени.

Сите dmBio производи се произведени според најстроги стандарди за органско производство, без вештачки бои, ароми и конзерванси, со внимателно одбрани состојки кои го зачувуваат природниот вкус и висок квалитет. Изборот е широк и практичен, а од понудата на dmBio издвојуваме и четири производи кои се идеални за секојдневна употреба и лесно се вклопуваат во динамичниот ритам на модерното секојдневие.

 

Крупни овесни снегулки

Крупните овесни снегулки dmBio се подготвени од цели зрна овес кои се обработуваат на пареа и потоа се мелат, со што се зачувуваат нивните важни нутритивни вредности. Совршени се за подготовка на хранлив појадок, како мусли или овесна каша, но и како состојка во колачи, бисквити или вегетаријански плескавици. Производот е вегански и претставува одличен извор на енергија за почеток на денот.

 

Органски овесен напиток

Овој органски напиток на база на овес се одликува со благ и природен вкус. Природно е без лактоза и млечни протеини, без додаден шеќер, а шеќерите кои ги содржи се со природно потекло. Идеален е за консумирање самостојно, во кафе, мусли, смути, како и за готвење и печење слатки јадења.

 

Органска палента

dmBio палентата е органски производ направен исклучиво од нежно мелено зрно пченка, без дополнителни состојки. Како инстант пченкарен гриз, таа е практична и брза за подготовка, а може да се користи како прилог, вариво или како основа за солени и слатки рецепти. Благодарение на својот чист состав и органско потекло, палентата е едноставен и здрав избор за секојдневната кујна.

 

Органски наут

Органскиот наут dmBio се одликува со блага, јаткаста арома и цврста текстура, што го прави идеален за подготовка на салати, варени јадења и јадења од зеленчук. Особено е погоден како база за хумус и кремасти намази. Произведен од органски наут, станува збор за вегански производ и практичен избор за сите кои сакаат балансирана и разновидна органска исхрана.

 

Со dmBio, органската храна станува дел од секојдневието – квалитетна, разновидна и по секогаш поволни цени, a повеќе може да дознаете на веб-страницата на dm.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *