Која била Македонката која била прогласена за првата жена тракторист во Југославија?
Првата трактористка во Македонија била битолчанката Милица Павловска, чиј татко Ристе Најденов ја започнал ерата на автомобилизмот во Македонија, купувајќи „Т-модел“ на „Форд“ на почетокот на 20. век. Таа го положила курсот за управување со трактор во 1945 година, а кога со национализацијата им бил одземен имотот, станала шофер на автобус, и наедно прва жена со таква дозвола во Битола и Ресен.

Додека била жива, каде и да одела Милица Павловска привлекувала внимание внимание и почит, зашто сите знаеле дека таа е првата жена тракторист во Македонија, а според некои верувања и прва во Југославија. За неа се пишуваше и во многу весници и списанија, затоа што порано оваа професија за жена била многу ретка.
Милица Павловска била една од седумте ќерки на Магда и Ристо Најденови, кои имале сопствена авто-превозничка фирма. Милица уште како младо девојче се вљубила во возилата на најзиното семејство.

Нејзините сестри Лена, Цвета, Нада, Таца, Марија и Вангелица се чуделе на нејзината љубов кон тракторите, но токму тој, за тоа време необичен, интерес го привлекол вниманието на познатиот хармоникаш Крсте Павловски -Левакот кој бил меѓу ретките свирачи на тој инструмент што дирките ги притискал со левата рака, по што и го добил неговиот прекар.

Милица и Крсте се венчале и добиле две ќерките Виолета и Драгица.
Милица заедно со сопругот учествувала во пеачки групи и хорови, но сепак таа засекогаш ќе биде запаметена како жена која била неизмерно вљубена во тракторот и земјоделската механизација.

Крте починал во 2004-та година, а Милица подоцна во 2015-та.
