Која е Корина Копф? Ѕвездата од социјалните мрежи се „пензионира“ по гласините за заработка од 67 милиони долари за само 3 години
Инфлуенсерката Корина Копф неодамна објави дека се повлекува од „OnlyFans“ кариерата, откако заработила 67 милиони долари во рок од три години. 28-годишната Копф ја објави својата оставка во четвртокот, твитнувајќи „нема повеќе линк во био…….“, што укажува дека ја изгасила нејзината сметка на „OnlyFans“.
Пред да се приклучи на „OnlyFans“, Корина беше инфлуенсерка чија кариера на „YouTube“ се катапултираше откако се приклучи на групата на создавачи на содржини на другарот Дејвид Добрик, „Влог тим“. Корина отвори свој профил на „Јутјуб“ во 2016 година, каде што објавуваше видеа од нејзиното дружење со пријателите, од нејзината облека, обиколки во домот и станот и многу повеќе. Иако таа нема прикачено видеа четири години, таа сè уште има импресивен број на следбеници на „YouTube“ – 1,69 милиони претплатници. Таа моментално може да се пофали со 6,5 милиони следбеници на нејзиниот „Инстаграм“, каде што објавува интересни слики и видеа.
Корина е и долгогодишна пријателка со Добрик, а ѕвездата уште во 2019 година откри дека и двајцата се спријателиле додека живееле во Чикаго.
„Многу луѓе не го знаат ова, но јас всушност го запознав Дејвид кога живеевме заедно во Чикаго, пред да се преселиме во Лос Анџелес“, рече таа за време на појавувањето на „Playlist Live“.
Корина, исто така, беше романтично поврзана со неколку личности од Интернет – таа се забавуваше со Тарнер „Тфу“ Тени и Логан Пол во минатото.
Ѕвездата заработи прилично голема сума на пари на „OnlyFans“ и изгледа ѝ е доволно. Таа го откри ова за време на стрим на „Twitch“ пред неколку недели, шокирајќи ги другите заинтересирани лица кои ги следеа нејзините профили.
Таа на „YouTube“ каналот на Добрик откри дека заработила „малку повеќе“ од 1 милион долари за 48 часа од објавувањето на нејзиниот профил. Минатата година, Добрик сподели колку заработува Корина месечно на „OnlyFans“.
Корина најмногу заработила во јуни, каде што го наполнила својот џеб со неверојатни 2.364.334,07 долари. За месец февруари, нејзиниот месец со „најниска“ заработка, таа заработила 683.635,82 долари.
Коментирај анонимно