Која е најголемата награда за еден полицаец? (виц)

Во канцеларијата на началникот на сообраќајната полиција влетува млад полицаец:
– Господине потполковник! Ми се роди син!
– Браво, честитки!
– Господине потполковник, ова е моето прво дете!
– Добро, оди кај благајникот и кажи му да ти даде 1000 денари.
– Господине потполковник, ама тоа е син – идно засилување за сообраќајната полиција!
– Е, ајде, нека ти даде 2000 денари.
– Господине потполковник…
– Ех, младост, младост! Ајде ова од мене нека биде. Еве ти го клучот од сефот, земи го знакот “Забрането запирање” и стави го каде сакаш!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *