Која е новата Мис на светот? На Инстаграм ја следат повеќе од сто илјади луѓе, а фотографиите што ги објавува се изненадување за многумина!

Каролина Биелавска од Полска е избрана за нова Мис на светот на 70-тиот избор за убавина што се одржа во средата навечер во Порторико. Биелавска, модел кој завршува магистерски студии по менаџмент, беше избрана на изборите во Сан Хуан, кои се одржаа со три месеци доцнење поради пандемијата.

Мис САД, Шри Саини беше прогласена за прва придружничка, додека Оливија Јејс, Мис на Брегот на Слоновата Коска, беше прогласена за втора придружничка. Прогласот за Мис на светот се емитуваше во дури 100 земји, а сите натпреварувачки повикаа на мир во Украина, каде што руската инвазија трае речиси еден месец.

„Мораме да направиме нешто, барем да запалиме една свеќа. Ако сите заедно запалиме свеќа, можеме да го промениме светот“, изјави лидерката на светскиот натпревар за убавина Џулија Морли, пренесува Си-Ен-Ен.

Каролина Биелавска на Инстаграм ја следат повеќе од 114.000 луѓе, а на социјалната мрежа често објавува детали од патувањата и снимките. Новата Мис на светот не преферира разголени фотографии, а истакна дека еден ден би сакала да стане мотивациски говорник.

„Сè уште не можам да верувам дека станав втората мис на светот во полската историја, повеќе од горда сум што ја носам оваа круна дома. Нема зборови да опишам колку сум благодарна за оваа можност и за неверојатната поддршка што ја имам добиено од многу луѓе. Не можев сама да стигнам таму. Верувам дека секој од нас има цел и никогаш не сум била повозбудена да ја исполнам мојата. Секогаш кога се бориш за своите соништа до крај, тие навистина се остваруваат.“, Каролина напиша на Инстаграм по победата.